6 причини зошто да дојдеш и да ја претставиш твојата идеја на Startup Weekend Skopje

09/26/2018 | By Ivona Zabaznovska

This post originally appeared on blog.up.co


Секој викенд е иста приказна, со истите луѓе, на истите места. Сакаш да искусиш нешто поинакво, да направиш нешто продуктиво, нешто што има потенцијал да ти го промени животот засекогаш. Startup Weeknd Skopje ти нуди можност за забавни и динамични 54 часа, во кои ќе научиш многу, ќе направиш многу и ќе се запознаеш со многу нови луѓе. Прочитај ги останатите причини зошто учеството на овој настан е најпаметното нешто што можеш да го направиш за време на викендот 19-21 октомври, и откако ќе се убедиш, пријави се на на овој ЛИНК.

  1. Оствари го сонот на секоја добра идеја!

    Најверојатно имаш барем една генијална идеја во твојот ум. Најверојатно, се сметаш себе за амбициозна личност и барем еднаш во денот се прашуваш како би бил твoјот живот доколку таа идеја се реализира. Сигурно твојата идеја е вредна и заслужува да се разработи но самата помисла да почнеш да ја разработуваш сам е доволно застрашувачка.

    Колку и да звучи неверојатно, Startup Weekend овозможува безбедно место за споделување на идеите, нивна разработка и можност за реализација и сето тоа за само 54 часа. Твојата идеја може да биде подобрена и за нејзиното развивање секогаш ќе добиеш помош и од други ентузијасти, како и експерти од различни полиња кои ќе ти бидат достапни за време на настанот.

  1. Да се почне или не, прашањето е сега!

    Најтешкото е секогаш да се почне и да се проба. Зошто? Затоа што стравот од неуспех, кој е многу веројатен при првиот обид, е премногу голем. Во животот, соочувањето со пречки и проблеми е неизбежно. Но не треба да дозволиш тоа да те спречи да се обидеш. И навистина, нема подобра можност да започнеш да работиш на твојата идеја на Startup Weekend. Покрај идеалните услови за разработка на идејата, поддршка од искусни професионалци и многу продуктивна атмосфера, дури и твојот прв обид да биде неуспешен, најважно е тоа дека си пробал/a. Но да не заборавиме, тие 54 часа навистина можат да го променат твојот живот - твојата идеја може да биде победничка и да продолжиш со реализација на истата.

  1. Колку е голема твојата мрежа?

    Во бизнис светот, контактите навистина се најпотребни. А воопшто не е лесно да се дојде во контакт со индивидуи кои веќе изградиле нешто и би можеле да бидат многу корисен советник, партнер, па дури и потенцијален инвеститор. На Startup Weekend, овие навидум недостапни луѓе стануваат достапни и тие ќе бидат таму со цел да ти помогнат. Но твојата мрежа нема да биде надоградена само со “недостапните”. Многу е возможно некој од учесниците што за време на настанот ќе седи на истата маса со тебе да стане “недостапен” во иднина. Искористи ја оваа можност да ја прошириш твојата мрежа, никогаш не знаеш чија помош ќе ти биде потребна, поскоро или подоцна.

  1. Фидбек како никогаш до сега!

    Еден од најважните аспекти на настанот кој цело време го споменуваме се експертите кои ќе бидат дел од него и нивните совети, искуства и професионални мислења кои ќе им бидат достапни на сите тимови. Ова е навистина шанса која не треба да се пропушти, затоа што самата поддршка, критика или совет од овие индивидуи е бесценета. А ти ќе ги имаш сите на располагање за време на настанот. Листата на ментори кои ќе присуствуваат на настанот можеш да ја разгледаш на www.sw.мк

  1. Од колаборација до корпорација!

    Во самото срце на секој успешен бизнис стои група на луѓе кои ги здружиле своите идеи, искуства, знаења и контакти со цел да создадат нешто поголемо од нив. Клучниот збор во таа реченица е “група”. Мислата дека не треба да бараме помош или дека можеме се да направиме сами е една од најголемите пречки кај повеќето претприемачи. Но не можеме да ги обвиниме, затоа што повеќето од нив не познаваат доволно други луѓе кои би можеле да бидат нивни партнери. Startup Weekend е местото каде што сите присутни го споделуваат претприемачкиот дух и сакаат да ги употребат своите доблести за да реализираат нешто поголемо од нив. Дојди и креирај врски кои ќе траат долги години, ќе ти помогнат да ги реализираш своите соништа и да најдеш поддршка и ентузијазам во други индивидуи кои најверојатно не би ги ни запознал на друг начин.

  1. Учењето не се случува само во училиште

    Веруваме дека веќе имаш почуствувано како е да учиш од искуство. За време на Стартап Викенд ќе научиш многу работи за различни теми и за различни начини. Ќе научиш како фукционираат стартапите, ќе научиш за новите иновации и трендови во светот, но ќе научиш и повеќе за луѓето во светот на иновацијата. Ќе учиш од секоја интеракција и секој момент. Замисли си дека си сунѓер и дојди на Startup Weekеnd за да впиеш што е можно повеќе од сето знаење што ќе го исполни просторот.

Сигурни сме дека оваа листа на причини зошто да учествуваш на Startup Weekend Skopje те разубеди дека е најдоброто нешто што можеш да го правиш за време на викендот 19-21 октомври. Доколку не го направи тоа веќе, обезбеди си карта тука, и се гледаме во Ceed Hub.

 


×